Собранискиот спикер Талат Џафер потврди дека ја суспендирал Комисијата за надзор на АНБ за отчетот на директорот Виктор Димовски за случајот Онишченко.

Џафери вели нема услови да се продолжи комисијата со рaбота додека не се утврди која била причината и дали некој е одговорен за безбедносниот инцидент кога тонски протече отчетот на Димовски на собранискиот јутуб канал иако седницата беше затворена. Џафери негира дека тоа е намерно одлагање на Комисијата на Димовски.

– Мора да знаеме како се случи тоа. Дали е случајно, дали е човечка грешка, дали некој прислушкувал. Тоа МВР ќе си утврди, го чекаме нивниот извештај. Ние како Собрание немаме можност да направиме таков стручен надзор – вели Џафери на брифинг со новинарите.

Сепак тој признава дека во случај на итна седница од затворен карактер парламентот и во овој момент може да одржи таква седница и без извештајот на МВР.