Откако денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја обелодени аферата „Мафија 2“ каде што повеќе од 20 илјади граѓани имаат дупликат матични броеви, и албанскиот претседател Илир Мета денеска обвини за иста мрежа по теркот на Оливер Спасовски и македонското МВР.
Имено Мета во контекст на заштита на интегритетот на изборите на 25 април од секаков мафијашки маневар или изборен криминал, денес официјално им се обрати на органите на правдата и на одговорните институции на албанската држава, за да испитаат друг скандал, кој за жал доби меѓународни димензии, опфаќајќи ја и Албанија.
-Како претседател на Републиката, сум информиран за некои факти поврзани со незаконско дејствие што претставуваат кривично дело и кои можат да бидат поврзани, да влијаат или да го загрозат интегритетот или самиот резултат на изборите, во изборниот процес што ќе се одвива на 25 април 2021 година. Од обезбедените податоци и оние кои се веќе објавени, произлегува дека, во регионот на Корча, во некои општини во кои главно живее македонското национално малцинство, граѓани со криминално досие, кои се барани со меѓународни потерници, или вклучени во нелегални активности и барани со меѓународни потерницим, обезбедиле пасоши и документи за идентификација од тамошните локални власти, не со нивните податоци, туку со користење на лични податоци на други лица кои немаат никакви проблеми со законот. Значи, странски или албански државјани им се обезбедени документи за идентификација издадени од албанските матични служби со кражба на идентитетот на албанските граѓани од македонска националност, без нивно знаење, вели Мета.
Тој додава дека овие лица, откако албанската држава им обезбедила документи за идентификација, продолжија да ги следат процедурите во Северна Македонија, а поради поседување на двојно државјанство на лицето чиј идентитет е украден, и таму добиле документи за идентификација и продолжиле слободно да се движат за да се сокријат од органите за спроведување на законот или меѓународните органи за спроведување на законот.
-Од тоа што е објавеното од властите во Северна Македонија (министерот за внатрешни работи) се вели дека го спровеле законот при издавање документи, не носејќи одговорност за фалсификувањето или киднапирањето на идентитет на албанските граѓани во Република Албанија, преку издадени официјални документи од албанските институции. Оваа мрежа и оваа незаконска активност е откриена во неколку европски земји. Прашањето, кое доби димензии на институционален скандал и стана предмет на јавна дебата во Северна Македонија и од податоците објавени од тамошните власти, јасно е дека потеклото на оваа појава делумно тежи и врз одговорни органи во Република Албанија и ова е основата за мојата загриженост. Некои од лицата идентификувани како дел од оваа мрежа опремени со фалсификувани документи во соседната земја, првично им беа дадени албански документи за идентификација во општините Корча, Пустец и канцелариите за матична служба или изработка на документи за идентификација во овие општини. Линијата на незаконски дејствија може да се искачи и на централно ниво, сè до вклучување на вработени или поединци во други институции како што се Генералата дирекција за матична служба, канцеларијата за легализација во Министерството за надворешни работи, непрофитабилни организации кои нивните активност ги поврзуваат со полето на човековите права и заштита на националните малцинства. Во Северна Македонија, се уапсени неколку државни службеници, полицајци и истрагата продолжува, вели Мета.
Тој додава дека не ме загрижува само пласирањето на идејата во јавноста и на меѓународната сцена, пред нашите стратешки партнери, особено во областа на безбедноста, дека во Албанија секој може да добие документ за идентификација и да се движи слободно, без оглед дали тој е под потрага или се бара со меѓународна потерница.
-Но, како претседател на Републиката, особено во овие моменти, пред многу важните и историски избори на 25 април, имам загриженост дека, со оглед на создадената ситуација и фактот дека изборниот криминал во Албанија е феномен што има соработници и автори на највисоки нивоа, криминалното дело кражба на идентитет на албански државјанин, можно е да биде претворен и во механизам што лесно го искористуваат криминалните елементи тука во Албанија, со цел мешање во изборниот процес, со гласање за едно лице повеќе пати, со помош на разни средства на идентификација добиени на овој начин, односно украдени, гласајќи и во име на имигранти кои немаат можност да дојдат дома за да го искористат своето право на глас.
Дефинитивно може да има албански службеници или граѓани кои сториле некои кривични дела, од:
– Акции што ја олеснуваат трговијата со луѓе
– Фалсификување документи
– Фалсификување лични карти, пасоши или визи,
– Фалсификување акти на граѓански статус
– Злоупотреба на службената должност
– Помош за нелегално преминување на граница.
Ги повикувам сите вработени и службени лица да бидат внимателни! Да не ја отежнуваат нивната одговорност и да не ни помислуваат да се појавувате на избирачките места, мислам на сите Албанци кои можеби биле вклучени во овој процес, со лажни документи за идентификација, украдени или користејќи документи на други гласачи, вели Мета.
Тој додава дека секој кој ќе се осмели, ќе одговара, од првиот до последниот!
-Побарав денес од Обвинителството, другите органи за спроведување на законот во земјата, ЦИК и Министерството за надворешни работи, веднаш да започнат со соодветните истраги и верификации, преземајќи ги без одлагање потребните мерки за да се обезбедат повеќе податоци и докази за оваа и криминална активност, но и навреме да не се загрози, интегритетот на изборниот процес. Го повикувам секој јавен службеник, да биде одговорен и буден и без двоумење да го осуди секое дејствие што го нарушува правото на слободни и фер избори. Едно работно место никогаш не вреди колку иднината на Албанија, никогаш не вреди колку европската иднина на Албанците, не само на оние денес, туку и на идните генерации! Кој фалсификува, кој и да се обиде да го отуѓи и да влијае на гласот, ќе има свое место во затвор! Затоа, не се чувствувајте заплашени од никого и од ништо! Претседателот на Републиката е на должност и ја следи секоја ситуација што се развива и начинот на реакција или интеракција на државните институции за да се заштити интегритетот на изборниот процес навремено. Не се прифаќаат изговори, алиби во никој случај, истакна Мета.