Началникот на прес-центарот на јужните одбранбени сили објави порака на социјалните мрежи во која се вели дека пистата на аеродромот во Одеса е оштетена како резултат на ракетниот напад и нејзината понатамошна употреба е невозможна.
Три силни експлозии доцна попладнево се слушнале во Одеса, од југозападниот дел на градот. Сликите на социјалните мрежи покажуваат чад што се издига на хоризонтот.
Набргу потоа, началникот на прес-центарот на јужните одбранбени сили објави порака на социјалните мрежи во која се вели дека пистата на аеродромот во Одеса е оштетена како резултат на ракетниот напад и нејзината понатамошна употреба е невозможна.
Украинскиот воздушен простор е затворен за комерцијални летови од 24 февруари.