Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Адвокатската комора на РСМ ја отворија Канцеларијата за адвокати во рамки на Кривичниот суд која може да ја користат сите адвокати кои ги извршуваат своите службени обврски ви рамки на судот.
Канцеларијата се наоѓа на 4 – тиот кат во холот каде што се наоѓаат и дел од судниците односно, со цел да се овозможи влез на сите адвокати кои во моментот се во судот, а воедно одвоен од службените канцеларии на судиите и судската служба.
Канцеларијата е опремена од страна на Адвокатската комора на РСМ со соодветен канцелариски мебел и е со цел да овозможи простор на адвокатите за кратки пауза меѓу насрочените расправи како и подготовка за рочиште, воедно истата може да се користи и за состаноци и координација на бранителите.
Ова, се истакнува во соопштението, е прва ваква канцеларија која ја овозможува Основниот кривичен суд Скопје која може да се користи од адвокатите, а во финална фаза на подготовка е и просторија која ќе може да ја користат Јавните обвинители, по примерот на Медиа центарот наменет за претставниците на медиумите кои известуваат од судските расправи како и просторијата за Судии поротници.
„Со тоа, Кривичниот суд се обидува да овозможи просторни услови за работа не само за вработените и за непречено одвивање на судските рочишта, туку и соодветни услови за работа на сите чинители кои се јавуваат како странки но и јавност во судските расправи во правец на поголема отвореност и транспарентност на судот“.
Текстот Адвокатска канцеларија во рамки на Основниот кривичен суд Скопје е превземен од МАКФАКС.