Еден од најпознатите Македонци во Србија, адвокатот Тома Фила, на претстојните избори на сите нивоа во Србија е кандидиран од Социјалистичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ за градоначалник на Белград.
Тој беше адвокат на Слободан Милошевиќ, сега е член на Претседатеството на СПС, а досега беше пратеник на оваа партија во српското Собрание и деновиве ја води предизборната кампања, во која, меѓу другото, кажува дека Македонците во Белград ќе имаат единствена можност да имаат градоначалник Македонец, со македонско државјанство.
МИА во Белград разговараше со Тома Фила за мотивите за кандидатурата, за Белград и Македонците, за прогнозите на изборите во Србија и односите меѓу Србија и Северна Македонија.