-Доказот информација на АНБ на РСМ од 14 март 2021 година кој е доставен како доказ кон предлогот за изрекување на мерка притвор, и врз основа на кој се темели притворот, треба да биде исфрлен, и дека никогаш не е доставено до одбраната. Со тоа сметаме дека АНБ постапила надвор од своите овластувања, од тука останува нејасно како Камчев ја загрузува безбедноста и преставува закана за националната безбедност, и да биде следен од 12 до 14 февруари, како и да биде подготвена службена белешка, вели адвокатот на Орце Камчев, Тони Менкиноски.
Како што вели тој, одбраната ќе поведе постапка за утврдување на незаконитост на докази со цел остварување на уставно загарантираните права на слобода и безбедност, на ефикасна и делотворна одбрана.
Адвокатот на Камчев чека од македонскиот суд да се произнесе, доколку не, тогаш ќе се оди во европскио суд за човекови права.