Сашко Дукоски, адвокатот на Бојан Јовановски, во својот завршен збор за предметот “Меѓународен сојуз”, истакна дека овој случај е тенок и се базира на “рекла-казала” муабети, пренесува „Фокус“.
-Во ниту еден единствен момент, ниту со било каков доказ, обвинителството не го утврди решителниот факт дека обвинетите го сториле кривичното дело, рече Дукоски.
Тој завршниот збор на обвинителот го опиша како “рекла-казала”.
-Прво нешто што е спорно како Монт Еверест, е прашањето, кој е оштетен во овој предмет? Силјан Мицевски или “Пелистер”? Истото се однесува и за бизнисменот Ардијан Амзоски. Тој бил полномошник на “Дрим Билдинг” и во никој случај не може да биде оштетен, истакна адвокатот на Јовановски.