Актерката Аманда Бајнс која веќе подолго време живее далеку од очите на јавноста поради долгата борба со зависности од опијати, лекови и алкохол се враќа во нормала.

Бајнс која светската јавност ја памети по улогите во филмовите „She’s the Man“, „Big Fat Liar“, „Love Wrecked“ и многу други, последен пат се појави на филмското платно во филмот „Easy A“ во 2010 година.

Сега, адвокатот на ѕвездата, Дејвид Ескибијас, за „Fox News“ изјави дека Бајнс веќе живее самостојно и се посветува на образованието. Адвокатот исто така кажа дека актерката „живее покрај плажа“ и „со нетрпение очекува да го прослави својот 35-ти роденден со своето семејство и пријатели“.

epa-efe
EPA/PAUL BUCK

Пресвртот во животот на Аманда Бајнс, продолжува да ја интригира пошироката јавност, особено нејзините обожаватели кои постојано се прашуваат дали актерката сè уште е богата, дали навистина има тетоважа на лицето и кога ќе се врати на својата актерска кариера…

Таа во минатото се најде насловните страници на бројни медиуми поради низа скандали, а на почетокот на минатата година објави дека се верила со човек по име Пол Мајкл. Сепак, минатиот март, Мајкл објави дека решиле да се разделат, а неодамна се појавија шпекулации дека тие повторно се заедно.

Во тој период адвокатот на Бајнс во изјавата за „Fox News“ посочи дека ѕвездата има проблеми со менталното здравје и замоли за приватност.

Сите извештаи дека Аманда страда од зависност од дрога или алкохол се целосно лажни. Таа едноставно се соочува со проблеми со менталното здравје за кои наскоро ќе добие третман. Ние бараме приватност и замолувам да престанат сите шпекулации за нејзиниот личен живот во јавноста и медиумите за да може Аманда да се фокусира на своето здравје“, тогаш изјави Ескибијас.

epa-efe
EPA/PAUL BUCK

Сега, се чини дека поранешната холивудска актерка е подобро и ги разгледува сите можни опции за враќање на своите професионални ангажмани. Дали ќе ја видиме со некое ново филмско остварување, останува мистерија…