Еленко Миланов, адвокатот на обвинетите и осудени на вкупно 25 години затвор, за настаните на крвавиот четврток во македонскиот парламент во 2017 година ja оспорува пресудата и вели дека ќе ја оспорат истата.

– Останува нејасно за што е донесена оваа пресуда, за настаните што се случија во Собранието или за протестите. Не слушнав за било какви дејствија што ги сториле моите клиенти. Во случајов, се потврди дека имаме изјави на дежурни сведоци како Александар Василевски Нинџа, за кои одбраната докажа дека се лажни и според тоа дека не може да има осуда за било кој од обвинетите – рече адвокатот Миланов и најави жалбена постапка, откако судот ќе ја обзнани написмено пресудата по заршување на судењето.

Претходно, судечкиот совет одговори позитино на барањето на обвинетите да не одат веднаш во затвор, како што побара обвинителството, туку во куќен притвор да ја чекаат одлуката на Апелацискиот суд, кој треба да одлучува по жалбите. Така, од денеска, во куќен притвор ќе бидат сите обвинети -Трајко Велјановски, Спиро Ристоски и Владимир Атанасовски.