При редовната посета Камчев во затворот во Идризово, од страна на дел од неговиот правен тим повторно е констатирано дека неговата здравствена состојба исклучително алармантна, Како што вели неговиот адвокатски тим, состојбата континуирано се влошува, а во затворот Идризово нема услови да биде третиран и лекуван. Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка , но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата, велат адвокатите.

Од правен, но и етички и морален аспект, и нашиот клиент, г-динот Камчев и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се  докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек, се вели во соопштението потпишано од адвокатите Гоце Ристески и Александар Михајлоски.