Адвокатите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјавија дека американскиот Сенат нема овластување да му суди за отповикување како приватно лице, обвинувајќи го за поттикнување на бунтот и упадот во Капитол од 6 јануари.

Британските медиуми јавуваат дека во поднесокот на тимот на Трамп што тие го доставија на една недела пред почетокот на неговото судење, исто така, тврдат дека Сенатот нема овластување да го спречи тој во иднина да извршува јавната функција. (МИА)