Поранешниот шеф на Тајната служба бара помош од Израел. Адвокатите на Сашо Мијалков испратија писмо до израелскиот амбасадор во Загреб, кој е одговорен за целиот регион, да одговори на наводите на Судот дека Мијалков е во притвор бидејќи може да избега со помош на израелските разузнавачки служби, објави Алсат. Адвокатот Звонко Давидовиќ очекува израелскиот амбасадор да ги негира ваквите тврдења на судот.
Како што објави Алсат, судскиот совет пак, претходно застана во одбрана на апелационите судии кои пред два дена го ослободија Мијалков од притвор за случајот „Трезор“, по што министерот за правда Бојан Маричиќ јавно побара одговорност во случај на бегство на Мијалков. Обвинителството возврати со ново барање за притвор, овој пат за случајот „Парцели на Водно“, кое беше одобрено од Кривичниот суд.