Регистрант од Лихтенштајн, адвокат што главно формира и води туѓи фирми на сопственици што сакаат да бидат скриени, ќе ја гради петкатницата зацртана близу хотелот „Ибис“ во строгиот центар на Скопје, односно во градежно атрактивната зона позната како Мал ринг, објави Призма.
Веста дека на местото од уште едно паркче ќе се гради станбен објект ги вознемири граѓаните што живеат во соседната зграда и уживаат во она што преостанало од зеленилото пред своите домови.
Имено, неверојатно звучи податокот дека човекот што тргнал да гради во нашето Скопје и неговиот татко во 2003 година биле дел од обвинетите во приватна тужба поврзана со терористичките напади во Њујорк, на 11 септември 2001 година.
Во тужбата се наведува дека, според официјалните документи од Лихтенштајн, една од фирмите на двајцата Шрајбери била вклучена во активности за перење пари во име на Ал каеда. Тужбата подоцна била отфрлена.
Повеќе на Призма.