Латас е Латас и сите добро го знаеме и кој е и што правел. На крај на кариера е, под политички притисок тргнат од ТВ и на негови валда шеесетина години можеби и може да си дозволи ваков кикс, иако нема доблест да рече едно- лошо се изразив. Но младиов и надежен јутјубер, кој немаше храброст на Латас да му се пика во фаца како на некој си Тале од Велес вака е лошо влијание за публиката составена воглавном од деца и ја нормализира реториката “што мајка барала напред да седне во такси”, пишува адвокатот Јанаки Митровски во неговата колумна за „Фокус“.

Митровски воедно пишува:

Го изгледав видеото, но и цел тој дел, а не само селектираното за да добијам вистинска слика бидејки е факт дека со видеа лесно може да се манипулира. Точно е дека Павловиќ никаде изричито не кажува дека односот бил на сила. Но кажаното дека на другар му не му се дигал ако не ги тепа пред секс, па цела била стуткана сиротињата, проследено со зелено смеење на обајцата како и да го вртиме, колку и да сум свесен дека кај НВО-ата Латас како главен нивни хајкач од времето на Грујо е омразен, звучи гнусно.

И наместо Лазаров да застане за секунда и да рече чекај Лаки дај да појасниш да не излезе дека си имал односи на сила, истиот восхитен од Латас продолжи да си се смее. Пеки. По лавината реакции напиша статус, кој го споделив бидејки до смрт ќе верувам дека треба да се слушнат сите страни. Не поддржувал силување, лошо бил разбран, но смета дека се води хајка против него затоа што сакале да го уништат. Од завист, бил успешен, пишува Митровски.

Целата колумна на порталот на Фокус.