Административците кои од март минатата година, до скоро не одеа на работа заради заштита од Ковид-19, ќе добијат К-15, пари кои се предвидени во ребалансот на буџетот. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција за ребаланост на буџетот.
„Имаа разбирање за одлагање на ова мерка во 2020 бидејќи кога требаше да почне исплатата почна третиот бран на коронавирусот и беше несоодветно регресот да се исплати во време кога приватниот сектор оди со рационализација. Оваа година одлучивме да се исплати и треба да се исплати, сме го ветиле и не само што сме го ветиле потпишан е договор. Затоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари за оваа намена“, рече премиерот Зоран Заев на денашната прес-конференција за ребалансот на буџетот.