Извесен Адил Бакиу, формирал домен VAKSAJNS.MK, па кога ќе кликнете на оваа страница линкот ќе ве однесе на страницата vakcinacija.mk каде што се врши пријавување на заинтересираните за вакцинација. Поради тоа е повикан во полициска станица на разговор.
Дека тоа е така, тој самиот го напиша на Фејсбук.
-Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk. Единицата за компјутерски криминал мене брзо ми влезе во трага и брзо ме поканија за обично пренасочување кон сајтот на МЗ, за разлика од предметот за девојчињата од Струмица чии инкриминирачки материјали биле споделувани насекаде и не успеваше да ги најде сторителите 2 години, пишува тој на Фејсбук.
Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk.
Единицата за компјутерски…Posted by Adil Bakiu on Thursday, 11 February 2021
Министерството за здравство во Секторот за компјутерски криминал во МВР го пријавило доменот vaksajns.mk, кој иако само ги пренасочува граѓаните кон официјалната интернет-страница vakcinacija.mk, сепак, од МЗ сметаат дека претставува упад во системот.