Maкедонија е во портокалова фаза, откако под влијание на топла воздушна маса од југ владеат натпросечни температури за овој период од годината. Наместо клима и вентилароти, направете колку што можете повеќе да се заштитите од сонцето и високите температури.

Облекувајте се како луѓето во тропските земји

Оние што животот го минуваат на високи температури, облекуваат широка облека, лесен памук и лен. И бизнисмените носат костуми, ама тие се од посебно ткаен памук, кој поради ребреста структура скоро и да не се лепи за кожата. Сетете се на мексиканската кошула гуајабера, која е скроена да ве разлади природно. Не ставајте ја кошулата во панталони за да имате струење на воздухот.
Облоги и вода

Кога како дете се разболувавте мајка ви ви ставаше ладни облоги. Разладете се пуштајќи ја ладната вода да ви тече по зглобовите. Повторувајте го тоа секој час. Со вода разладувајте го челото и слепоочниците. И погрижете се да пиете доволно вода.

Не јадете – грицкајте

По обемниот оброк, па сеедно ако е тоа и сладолед, се зголемува телесната температура. Но посебно можат да ве згреат протеински оброци. Решение се помали порции од кои ќе грицкате нешто – ситно.

Јадете луто за да се потите

Латиноамериканците, Индијците и Тајланѓаните живеат во најтоплите краишта. А таму ја сервираат и најлутата храна. Причината е тоа што поради лутото се потат, а телесната температура не се зголемува. А штом кожата е влажна, поради испарување доаѓа и до разладување.

Спијте на ладни чаршафи

Не користете ја зимската постелнина која грее, туку онаа што лади – лен е одличен избор. Освен тоа можете да ја ставите на час-два во фрижидер и да легнете во – разладена постела.

Оладете ги зглобовите и другите топли делови

Држете ги зглобовите 10 секунди под ладна вода. Тоа ќе ја намали телесната температура барем на еден час. Исто така со ладна и мокра крпа поминете околу вратот, колената и стапалата. Држете ги крпите во ладилникот и употребете ги кога ќе ви стане жешко.

Не носете тежок метален накит

Тешкиот метален накит ќе ја впие топлината, а телото потоа повторно ќе ја апсорбира.

Вентилатор на под

Максимално делување на вентилаторот се постигнува кога е поставен на ниво на подот додека вентилаторот е насочен нагоре. Исто така, пред вентилаторот може да поставите мраз, па така воздухот ќе поминува низ него, со по некоја капка студена вода.

Крема во ладилник

Кремите за тело чувајте ги во ладилник. Така убаво ќе се разладите по туширањето.

Исклучете ги електричните апарати

Не ги оставајте електричните апарати уклучени и кога не ви требаат. Ќе бидете изненадени колку топлина создаваат кога не се сосема исклучени.

Јогурт и овошје наместо сладолед

Наместо сладолед, измиксирајте ладен јогурт и овошје. Јогуртот има повеќе вода и помалку калории па затоа подобро лади од сладоледот.

За домашните миленици

Подлогата за вашите миленици не смее да биде синтетичка бидејќи ќе ја задржува топлината. Дозволете им да лежат на плочките.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.