Признанија за најуспешните жени менаџери во Северна Македонија беа врачени синоќа во рамки на јубилејната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери“. Меѓу нив е и Даниела Адемоска, генерален директор на Рамсторе Македонија.
Даниела Адемоска е повеќе од 20 години во менаџерството, како сопственик и извршен директор во повеќе компании меѓу кои и Рамсторе Македонија и хотелот Double Tree by Hilton – Скопје, управува со најразлични бизниси што и овозможи да се изгради во личност која успешно се справува со сите наметнати предизвици.
Според неа, добар менаџер е оној што мудро и без вишок емоции донесува одлуки и ги решава проблемите. За своето успешно меаџирање беше наградена и во 2019 та година.
-Отсекогаш сум си поставувала високи цели до кои доаѓам со многу труд, учење и надградување. Мудроста и стабилноста во менаџирањето доаѓаат со годините што сте ги поминале во бизнисот, но сметам дека во текот на годините до перфекција ја усовршив способноста да го селектирам вистинскиот тим до мене врз кој може да се потпрам во секое време и во кој имам безгранична доверба, вели Адемоска.