Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието Арбер Адеми денеска имаше средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија Георг Вуцас.

Адеми го информира австрискиот амбасадор за најновите случувања во врска со текот на подготовката на уставните амандмани, како член на работната група за нивно изготвување, бидејќи се дел од Преговарачка рамка и услов земјата да ги продолжи пристапните преговори за ЕУ членство.

Амбасадорот Вуцас истакна дека Австрија ги поддржува нашите евроинтегративни процеси и во тој контекст, ја повтори подготвеноста на неговата земја да ги сподели своите ЕУ искуства со Парламентот на Северна Македонија, соопшти собраниската Комисија за европски прашања.