Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми е прогласен за најдобар играч на теренот во победата во првиот меч во ЛШ против големиот Челси. Динамо го доби натпреварот со 1-0, благодарение на голот на Мислав Оршиќ.
Меѓутоа Адеми е играчот кој царуваше на средината на теренот, како во дефанзивниот, така и во офанзивниот дел. Имаше неколку добри интервенции, тешко му се одземаше топката, и ги неутрализираше играчите од средината на англискиот гигант.
Динамо со Адеми и дефинитивно е далеку посилен тим отколку без него на теренот. Добрата форма на Адеми го радува и селекторот Благоја Милевски пред престојните натпревари во Лигата на Нации против Грузија и против Бугарија./Ekipa.mk