Пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми изјавил дека ако на пописот на населението се покаже дека Албанците се помалку од 20 отсто, тогаш нема да ги признае резултатите.
На директоното прашање од пратеникот од Алијансата на Албанците, Халил Снопче, дали ќе ги прифатиш резултатите од пописот ако Албанците излезат 19 отсто, Адеми одговори, никогаш.
Адеми, како поранешен министер за образование изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18.
„Бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121 272 Македонци, односно 64.22%, а 60.709 Албанци, односно 32.15%“, рече Адеми на дебатна емисија на ТВ21.
Снопче изрази недоверба кон Државниот завод за статистика за спроведување на пописот.
-Ако ги земеме податоците од 2002 година и ги анализираме статистички бројките на родени и починати од 2013 до 2019 година, јас ви гарантирам дека Албанците не се помалку од 29%, туку над 29%“, вели Снопче.