Аријан Адеми е повторно главна ѕвезда во Хрватска. Капитенот на Динамо Загреб, по враќањето од репрезентативните обврски, а секако по победата над Германија со 2:1 даде интервју за „24сата“ каде зборуваше за емоциите, за овој меч, за историската победа.

-Долго ќе го паметам изразот на лицата на моите соиграчи кога судијата означи крај. Германија навистина има врвни фудбалери, но тие не се никакви вонземјани, вели Адеми.

Сепак, Адеми додава дека се уште се собираат импресиите, бидејќи како да не се свесни дека што направиле во Дуизбург.

-По секоја победа чувството е прекрасно, а како нема да биде по една ваква победа, вели Адеми.

Но, играчот за врска знае и да биде реален.

-Па, оставете го вие сега тоа ги „надигравме“ и слично. Имаше Германија свои шанси и неа одиграа баш така како што сакаа да се покажат. Сето тоа се топ играчи, но не се никакви вонземјани, вели тој.