Ако претседателот на Собранието Талат Џафери во странство зборуваше на англиски јазик, дали овде ќе беше поднесена интерпелација за него? Со вакво прашање шефот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми им одговори на новинарите дали смета дека собранискиот спикер сепак го прекршил Уставот на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан” каде официјално се обрати на албански, а не на македнски јазик.
Со ова ДУИ јасно стави до знаење дека нема да ја поддржат интерпелацијата за Талат Џафери поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.