Проституцијата и дипломатијата се навистина меѓу најстарите професии на човештвото… додека градењето држава е сепак нова професија… Има такви што за егзистенцијализам вршат дипломатија и проституција, има и такви што за утилитаризам ечат! Вака некако, денес ме натера да помислам една владина одлука. Ова на својот фејсбук-профил го напиша Аделина Марку, очигледно реагирајќи како реакција за предлогот за генерален конзул на Македонија во Њујорк да се прати 28-годишната ТВ презентерката Бесмира Ејупи.