32-годишната пејачка и 46-годишниот Сајмон кои се родители на синот Анџело, по седумгодишната врска, во 2019 објавија дека се разделуваат.

Според „Us Weekly“ нивната разделба конечно е официјализирана откако судијата го потпишал решението во четвртокот.

Она што изненади многумина е фактот дека тие успеале да ги избегнат адвокатските трошоци, сами се претставувале и спогодбено го поделиле имотот.

Profimedia
Profimedia

Првото нешто за што се согласија е заедничкото старателство. Потоа следеше потешкиот дел – поделбата на имотот“, изјавил извор близок до парот.

За среќа, тие успешно се договорија за сè, без скандали и без клевети во медиумите“, додал изворот велејќи дека тоа е добра основа за да останат во добри односи и во иднина.

Поранешниот пар, кој со години успешно се држаше далеку од очите на јавноста, не коментираат јавно за нивниот развод. Адел и Сајмон прв пат се сретнале во 2011 година, а следната година станаа родители.

Во 2017 година почнаа да се шират шпекулациите дека се венчале во тајност, кои Адел ги потврди на церемонијата на доделувањето на Греми наградите, нарекувајќи го Сајмон како нејзин „сопруг“. Во април 2019 година, портпаролот на ѕвездата ја потврди нивната разделба.

Сепак, тие останале блиски и по нивната раздебла, во обид да останат посветени родители на својот син, и наводно, живеат во непосредна близина еден од друг.

Instagram
Instagram

Според странските медиуи, Адел заработува вртоглави 82.000 долари на ден, а фактот дека парот не склучил никаков предбрачен договор пред венчавката дополнително ја отежнало целата ситуација.