За време на летниот преоден рок, Челси беше најактивен во европскиот фудбал и потроши дури 250 милиони евра на засилувања, но тука нема да биде крајот!
Откако ги ангажираа Каи Хаверц, Тим Вернер, Бен Чилвел, Хаким Зијеш, Едуардо Менди и Тијаго Силва – Роман Абрамович е подготвен и натаму да троши од своето богатство, а приоритетите се утврдени во летниот преоден рок.
Според „Скај Спорт“, главни цели на лондонските „сини“ се Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Деклан Рајс од Вест Хем, двајцата суперталентирани фудбалери.
Халанд е веќе еден од најдобрите напаѓачи во светот и Челси ќе мора да се „бори“ за него со други клубови, додека Рајс е заден играч за врска, а тој е и дете на клубот, па Лампард сака да го обедини со Џејмс, Абрахам, Маунт..
Секако дека тоа нема да биде толку евтино, па се поставува прашањето дали Челси ќе успее да ангажира двајца фудбалери со 200 милиони евра, што значи дека ќе мора да продаваат.
Многу играчи се „вишок“, така што Антонио Ридигер, Андреас Кристенсен, Маркос Алонсо, Рос Баркли, Дени Дринквотер и Виктор Мозес се наоѓаат на трансфер листата, а ќе видиме кој дел од парите ќе може да ги покрие Челси од нивните заминувања.