Сопственикот на Челси, Роман Абрамович ги отвори вратите на клупскиот хотел за потребите на Националната здравствена служна (НХС) на Велика Британија.
Тоа значи дека докторите ќе имаат дополнителен простор на располагање за борбата против коронавирусот, а сите трошоци кои ќе бидат направени во хотелот ќе ги покријат Абрамович и Челси.
Сопственикот на „сините“ на докторите ќе им овозможи доручек и кревети во хотелот Копторн, а идентична работа направи и во март кога беше првиот бран на коронавирусот во Велика Британија и во Европа воопшто.
Идејата на Абрамович и целиот медицински персонал чии домови се далеку од работното место, бесплатно да го користат клупскиот хотел за одмор и ноќевање.
Со овој хуман потег на Абрамович би се намалила можноста да пренесување на вирусот, а хотелот ќе им биде на располгање на НХС до наредната ревизија на англиската Влада која треба да се случи кон средина на идниот месец.