Премиерот на Црна Гора во заминување, Дритан Абазовиќ во интервју за ТВ21 на Преспа Форумот за дијалог порача дека никогаш влијанието на Русија врз Црна Гора не било помало отколку во минатава година.

Тој вели дека ги прогласиле за „персона нон грата“ сите дипломати на Руската Федерација во Црна Гора, а и тие го направиле истото со нивните луѓе во амбасада во Москва.

Пробуваме да ги подобриме односите со Србија и мислам дека е обврска на секој премиер на Црна Гора и на секое нејзино раководство односите со сите соседи, а секако најмногу со Србија заради обемната трговска размена и врските на Црногорците со Србија, да бидат колку што може подобри. Тоа е главната цел. Нема никакви влијанија врз тоа и најважно прашање кое ја мачеше црногорската држава над 30 години се несредените односи со Српската православна црква. И тоа прашање го решивме во текот на мандатот на ова влада и мислам дека постигнавме значаен резултат. Несомнено е дека е така, но постои пропаганда од неколку луѓе кои долго беа на власт, а сега ги изгубија предностите на моќта,  па сакаат сѐ да прикажат во катастрофално светло. Но вистината е сосема поинаква. Нив, за среќа, веќе ги нема, но затоа има многу видливи резултати на сите полиња, па и на оние кои се однесуваат на регионалната соработка“, вели Абазовиќ.