Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги одложи првите палестински избори после 15 години, наведувајќи го како причина спорот со Израел околу гласањето во источен Ерусалим.
– Одлучивме да ги одложиме изборите сè додека не се гарантира учеството на нашиот народ во Ерусалим, рече Абас во говор емитуван на палестинската телевизија.
Абас ја објави одлуката за одложување на изборите по полноќ.