Алијанса за Албанците ја повика ДУИ како партнер во Владата да ги поддржи иницијативите на првиот човек на партијата Арбен Таравари за да се овозможи правична и соодветна застапеност на Албанците во институциите на државата за да се спречи злоупотреба на етничката припадност за вработените. Промената на националното чувство за да се добие работа од Алијанса го сметаат за неетичко и незаконско.

„Апелираме до коалиционите партнери и сите други партии, особено до Демократската Унија за Интеграција, која има природен сензибилитет за Албанците, еднаш засекогаш да ги запре овие појави и да ги поддржи иницијативите што ги носи Алијанса за Албанците, како што е Законот за правична и адекватна застапеност, со јасни казнени и извршни механизми, измена на Законот за јавниот сектор за стопирање на злоупотребите во безбедносниот сектор и трето, воведување националност во потврдата со цел еднаш засекогаш да се запре менувањето на националноста, оваа иницијатива е веќе започната од Министерството за правда“, рече Блерант Рамадани, портпарол на АА.

Реакцијата на Алијанса доаѓа еден ден по веста дека осум Македонци се вработиле како Албанци во општина Куманово. Рамадани нагласува дека во земјава има институции каде застапеноста на Албанците е 0%, како во Агенцијата за железници и Агенција за домување, а во најважните институции како во владините служби каде застапеноста на Албанците е 6,9% или во претседателството 12 ,7. Злоупотребата на балансерот за правична и соодветна застапеност, изјаснувањето со различна етничка припадност е постојан феномен кај нас. Секоја година десетици граѓани се изјаснуваат со друга етничка припадност само за да се вработат во институциите на локалната или централната власт. И покрај бројните реакции во јавноста засега државата нема преземено конкретна мерка.