Алијанса на Албанците е против методологијата за пописот затоа што со неа нема да се открива етничката и верската припадност на граѓаните што до една година живеат надвор од земјата.

АА бара веднаш да се корегира методологијата и да се овозможи граѓаните што ќе дават податоци за нивните роднини во странство да можат да ја изразат и нивната етничка и верска припадност.

„Сметаме дека со оваа методологија продолжува геноцидот врз Албанците од страна на државниот завод за статистика. Овој пат со директна поддршка од владејачката албанска партија ДУИ. Затоа претставникот на ДУИ не прифати ниту еден амандман од албанската опозиција. Се испостави дека станува збор за договорена игра“, стои во реакцијата на АА.

Тие сметаат дека на ваков начин се разоткрила измамничка политика на власта за која предупредиле за време на собраниската дебата за законот за попис.