Со голема загриженост ги следиме политичките случувања во нашата земја, каде за кратко време новата Влада донесе некои одлуки на штета на Албанците и другите заедници. Неодамна оваа Влада ја донесе најсериозната одлука за нас како дијаспора, промените во Балансерот, бришејќи не од официјалната статистика и со тоа ни го ускрати правото на застапеност и да бидеме дел од општата популација во државата. Оваа голема неправда не само што е дозволена, туку и ја спроведува и коалицијата вЛЕН, која сега исто така учествува во ваквото одлучување.
Ние, како дијаспора, потсетуваме дека сме граѓани на Северна Македонија и директен придонесуваме во сите процеси во земјата, како во економските преку ремитенци и во многу случаи и со директни инвестиции, како и во многу други сфери од јавниот живот. Ние сме директно поврзани со нашата татковина, во многу моменти сме директно вклучени и бараме да се врати еднаквиот третман со другите граѓани. Коалицијата вЛЕН најмногу ја злоупотреби дијаспората за предизборни цели, а сега не само што врти грб, туку сака да не направи и непостоечки. Сите ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората реагираат гласно на неодамнешната одлука за бришење на албанската дијаспора од официјалната статистика за правична застапеност, а за оваа одлука ќе ги алармираме и европските и светските центри за одлучување како и сите здруженија на албанската дијаспора.

Овие нелегитимни одлуки на Владата ги гледаме како чекор кон спречување на нашето враќање во татковината и се сомневаме дека се кријат уште поопасни сценарија.

Ги повикуваме сите други политички сили, граѓански организации и секој сонародник да го крене својот глас и да не дозволи оваа неправда која ги уништува над две деценискиѕе достигнувања за интеграција на дијаспората и откривање на реалниот процент на населението во Северна Македонија.

Ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората