Од денес А1 Македонија продолжува со едукативни предавања за четвртоодделенците низ земјата, за безбедно користење на интернет, кои се во склоп на проектот „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!“.
„Интернетот не e само игра… Кликај безбедно!” е програма наменета за најмладите, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.
– Advertisement –
Поради условите во кои се одржуваат часовите во училиштата, оваа учебна година работилниците ќе се одвиваат онлајн, преку платформата на MS Teams.
“Како компанија која е двигател на дигитализацијата во нашата земја, имаме одговорност да ги едуцираме најмладите членови на нашето општество разумно и внимателно да го користат интернетот. Сведоци сме на многу “темни страни” на интернетот, па затоа дигиталната писменост уште во најрана возраст е неопходна за градење на здрав и правилен однос кон можностите кои ги нуди виртуелниот свет. Оваа година ја продолжуваме иницијативата која долги години е пракса во нашата компанија, но адаптирана на новите услови во кои функционира наставата во училиштата. Нашите колеги се подготвени и во овие околности, преку онлајн работилници, да го пренесат сето знаење и да ги едуцираат учениците за како безбедно да го користат интернетот.” – изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.
Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Оваа година во склоп на програмата ќе бидат опфатени повеќе од 10 основни училишта од 6 градови во земјата – Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Тетово и Штип, а првото предавање е денес во ОУ “Блаже Конески” во Скопје.
“Министерството за образование и наука постојано се залага учениците во училиштата да го добијат сето основно знаење кое ќе им помогне за понатамошно стручно надградување во животот, а токму овој тип на едукативни предавања подразбираат втемелување на знаењето за една тема која е дел од нашето секојдневие. Наставата оваа година се одвива онлајн и учениците секојдневно се изложени на интернет, па затоа во нашите раце е како министерство, но и како општество да се погрижиме децата да се едуцираат и да бидат максимално подготвени за предизвиците кои ги носи дигиталниот свет.” – велат од Министерството за образование и наука.
Иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во земјава започна во 2013 година, додека проектот „Интернетот не e само игра… Кликај безбедно!” креиран за четвртоодделенците во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија започна во февруари 2018 и истиот досега има опфатено 21 училиште ширум земјата и едуцирано повеќе од 2000 деца на таа возраст. Заложбата на А1 Групацијата е до 2023 година на групациско ниво преку тренинзи и работилници на тема дигитална писменост да се едуцираат нас 100.000 деца и возрасни.
Едукативната програма „Интернетот не е само игра…Кликај безбедно!“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.