Поранешната директорка на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска која пред неколку дена беше разрешена од позицијата на барање на ДОМ, коалиционен партнер на СДСМ, сега ќе се кандидира за градоначалник на Скопје. Таа ќе биде независен кандидат, а ќе биде поддржана „Зелен хуман град“, иницијтива здружена од 20-тина невладини организации.
– Ова е голема привилегија и јас чувствувам еден голем ентузијазам којшто го добивам всушност од овие прекрасни луѓе кои се приклучија кон оваа иницијатива. Ние имаме една заедничка визија, пред јас да ја прифатам кандидатурата тие веќе ги зрееле своите идеи и тези за тоа како треба да се управува градот, а јас незнаејќи за нив направив една компилација од своите идеи, замислете, се поклопивме во 90 отсто, што значи дека ние навистина заедно можеме да ги направиме оние промени кои граѓаните толку желно ги очекуваат, нагласи Петровска.