Тешки и остри зборови во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 помеѓу две пратенички, Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ и Славјанка Петровска од СДСМ. Имено, дебатата се вжешти при законот за армијата, кој беше поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ. Но, потоа се сврте на името на државата, промената и референдумот.

„Сум гласала за тој закон, поради поволнистите на армијата која што е меѓу последните“, рече Стојановска и додаде:

„Еве ќе ви ги дадам стенограми, гласање за сите четири амандмани за промена на Уставот заради промена на името. Врзани се со црна панделка. Ова е поради тоа што вашите колеги го погазија мнозинството во државата, и покрај референдумот кој не успеа, го сменија името на државата“, додаде Стојановска.

„Не драмете“, врати Петровска.

Продолжи дебатата со обвинувања од страна на Стојановска.

„Ја продадовте куќата колешката, а не ни дадовте имотен лист. ЕУ која ја ветувавте со промена на името никаде ја нема“, рече пратеничката од редовите на ВМРо-ДПМНЕ.