Анита Лазарова, мајка на јутјуберот Стефан Лазаров кој е мета на критики од пошироката јавност поради интервјуто со Латас, а во кое се смееја кога зборуваа за првото сексуално искуство на новинарот, ја искина членската карта од СДСМ. Ваквиот нејзин чекор доаѓа откако Унијата на жени на СДСМ остро го осуди однесувањето на Латас и Лазаров во интервјуто и побара Обвинителството да покрене постапка.

Инаку, во интервјуто Латас зборуваше за првото сексуално искуство, а тоа го кажуваше со понижување на една девојка, која претходно била тепана од негов другар, пред да имаат односи. На сето ова Лазаров, кој беше домаќин на интервјуто се смееше. Поради ова имаше бурни реакции во јавноста.

Интервју на јутјуберот Лазаров со Латас кое ја згрози јавноста, реакциите се бурни, дури се бараат и казни (ВИДЕО)