Гостиварец е фотографиран како со неговото БМВ поминува преку Камениот мост, каде што е најстрого забрането движење со моторни возила и каде што е дозволено да се движат само пешаците. На социјалните мрежи дури има и шега со овој момент, и порачуваат да се стави еден картонски полицаец и во Скопје да се спречат ваквите појави, секако алудирајќи на картонскиот полицаец поставен на автопатот во Тетово.