Свесни сме за противникот со кој се соочуваме, но нашите фудбалери се професионални, сплотени се и се надеваме на победа. Ова го изјави првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Мухамед Сејдини во емисијата „200“ на Алсат, во пресрет на натпреварот Португалија – Македонија. Според него, дури и да се случи спротивното, момците на репрезентацијата победувајќи ја Италија веќе испишале историја.

“Не само фудбалерите, туку и сите љубители на фудбалот, персоналот и сите околу нас, емоциите сè уште се присутни од натпреварот што го одигравме во Палермо, Италија, така што мислам дека емоциите се уште се тука, но фудбалерите се професионалци, тие го очекуваат натпреварот професионално, но мислам дека играме со многу силна Португалија, така што верувам, и тие имаат доверба во себе дека ќе освоиме победа, но и да се случи спротивното ние веќе направивме историја, ние победивме една голема Италија, да се надеваме дека вечерва ќе успееме“, изјави Мухамед Сејдини”, претседател на ФФМ. /Алсат.мк

Прикажи повеќе