Цел свет му се восхитуваше на „малиот“ клуб кој го запре Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу во Лигата на шампионите. Шериф од Тираспол пред пет месеци на Бернабеу ја прослави најголемата победа во историјата. Тогаш беше 2:1 за гостите од Молдавија, иако два месеци подоцна на домашен терен беа поразени од Реал (0:3). Човекот кој подари на целиот свет едно од најголемите фудбалски изненадувања, Јуриј Вернидуб, по неполни шест месеци од најголемиот тренерски успех поднесе оставка за да војува во Украина! Инаку, за Шериф Тираспол настапува македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

Украина се уште е опсада на Русите, кои ја започнаа инвазијата минатиот четврток, а преговорите се водат со надеж дека ќе се најде заеднички јазик и ќе се вратат работите во нормала, иако нема оптимистички изјави и по преговорите во Белорусија.

Вернидаб ја напушти клупата на Шериф и се врати во Украина и се стави на располагање на тамошната армија во одбрана на Русија.

Вернидуб е роден во Житомир, град во северна Украина, а одлуката да се врати во татковината ја донел во нејзините најтешки денови.

Сликата објавена на социјалните мрежи го покажува Вернидаб во маскирна облека, со двајца колеги, војници.

На армијата и се придружи познатиот боксер Васил Ломаченко, но и браќата Виталиј и Владимир Кличко, веројатно најпознатите Украинци во светот и воедно познати боксери.