Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини ќе пропушти неколку недели поради повреда, објави официјалниот сајт на торинскиот клуб.

Лекарскиот преглед открил повреда на левата нога на 37-годишен Италијанец.

Ветеранот оваа сезона одигра 16 натпревари за Јувентус. Договорот на Киелини со „Старата дама“ е со важност до 30 јуни 2023 година.

По 24 кола воиИталијанската Серија А, Јувентус освои 45 бода и е четврти во поредокот со осум бода помалку од лидерот Интер.