Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чави побарал од Барселона три засилувања до крајот на овој месец, „каталонците” веќе го договориле првото, се работи за Адама Траоре од Вулверхемптон.
Раководството на Барса ќе има полни раце работа во последните денови од зимскиот преоден рок, Чави побарал три засилувања, тренерот сака на добие двајца нови офанзивни фудбалери и лев бек.
Се верува дека првото засилување веќе е договорено, се работи за Адама Траоре од Вулверхемптон, кој ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер.
Се говори дека Шпанецот прифатил драстично намалување на платата во првите шест месеци, со цел да може да биде регистриран.
Алваро Мората е втората желба за офанзивната, но многу работи зависат од ситуацијата на Осман Дембеле.
Што се однесува за левата бековска позизија, Никола Таљафико од Ајакс и Алеш Грималдо од Бенфика се на списокот.