Неверојатно! Владата на Викторија одби да му ја одобри визата на Новак Ѓоковиќ за влез во овој дел на Австралија.
Според „The Age“, тимот на Ѓоковиќ побарал погрешен тип на виза, а Новак не може да остане во Мелбурн.
Граничната полиција ја контактирала Владата кога увидела дека Ѓоковиќ побарал погрешен вид виза. Новак, наводно, поднел барање за виза која не содржи медицинско ослободување за невакцинираните лица, наместо типот на виза што дозволува влез за оние кои добиле ваков вид на бенефиции.
BREAKING The Victorian government rejected a late-night request from Border Force to support the world No. 1’s visa hours before he landed in Melbourne after it was discovered that Djokovic’s team had submitted the wrong type of visa.#AusOpen #auspol … https://t.co/YzVKeJBfJO
— The Age (@theage) January 5, 2022
Се разгоре орото пред Австралија опен, ќе видиме што ќе биде со најдобриот тенисер во светот кој не заслужи ваков третман во земјата каде што освои девет Грен слем трофеи и каде ја брани титулата.