Англиската Премиер – лига објави нов рекорд, но, за жал, во бројот на заболени лица од Ковид-19. Новиот сој „омикрон“ забрзано се шири во Велика Британија, а во Премиер – лигата се појавија нови 103 случаи.

Во периодот од 20. до 26. декември се извршени вкупно 15.186 тестирања во клубовите од Премиер – лигата, фудбалери, тренери, технички и медицински персонал.

„Безбедноста и здравјето е приоритет за секого, а Премиер – лигата ги презема сите неопходни чекори за да одговори на влијанието на сојот омикрон“, објави Премиер – лигата.

Одложени се два натпревари за најновото коло, дуелите Арсенал – Вулверхемптон и Лидс – Астон Вила.