Кевин Дурант со 51 поени ја предводеше синоќа екипата на Бруклин до гостинска победа над Детроит од 116:104, нанесувајќи им го на домаќините 12. пораз во серија сезонава во НБА лигата.
Ефектот на Дурант го урна рекордот во Арената во Детроит, кој досега со 50 поени го држеше поранешниот кошаркар на „Пистонси“, а сегашен член на Бруклин, Блејк Грифин.
На своите 51 поени, Дурант додаде и девет асистенции и седум скокови, а Бруклин ја забележа третата победа на последните четири натпревари.
Резултати на натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу неделата и понеделник:
Оклахома – Далас 84:103
Њујорк – Милвоки 97:112
Детроит – Бруклин 104:116
Сан Антонио – Њу Орлеанс 112:97
Портланд – Минесота 111:116
Лос Анџелес лејкерс – Орландо 106:94. (МИА)