Американскиот кошаркар Кеј Си Риверс договори соработка со Баерн Минхен. Тој доаѓа по повредата на Дарун Хилијард и потпиша договор на четири месеци со баварскиот тим.

34-годишниот Риверс минатата сезона настапуваше за руски Зенит, а дресот на Баерн претходно го носеше во сезоната 2015/16.

Американецот ја освои Евролигата со Реал Мадрид пред седум сезони, а во кариерата настапуваше и за Локомотив Кубан, Химки, Панатинаикос, Црвена звезда и Жалгирис.