Рускиот специјализиран портал за ракомет „Брз центар“ пишува дека наследник на Вујовиќ ќе биде добро познато лице на македонската ракометна сцена – Давид Дејвис.
Шпанецот, кој дојде во Скопје уште во 2014 година, како помошник на Раул Гонзалес.
Три години го водеше Веспрем, а си замина летово, откако ја загуби титулата во унгарското првенство од Пик Сегед.
Втората опција е 41-годишниот Урош Зорман. Тримо Требње е неговото единствено исксутво како прв тренер и се уште трае, но претходно му беше асистент на Љубомир Врањеш на клупата на Словенија, како и на Талант Душебаев во Кјелце.
Тимот засега ќе го води Владо Недановски, а неговото најголемо искушение ќе биде дербито со Еурофарм Пелистер в четврток, во Битола.