Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сака уште една португалска ѕвезда на „Итихад“. Тој ќе се обиде да го доведе Жоао Феликс од Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок. На „граѓаните“ им е потребно засилување во навалната линија, а Жоао Феликс многу наликува на Серхио Агуеро кој долги години го носеше дресот на Сити.
Шпанските медиуми го истакнаа незадоволството на португалскиот напаѓач од стилот на игра на Диего Симеоне и дефинитивно е јасно дека Жоао Феликс сака да ја промени средината.
Младиот Португалец дојде во Атлетико Мадрид од Бенфика за 126 милиони евра во 2019 година, а на „Итихад“ би се сретнал со сонародниците Рубен Дијас, Жоао Кансело и Бернардо Силва.