Во највозбудливиот натпревар во НБА лигата одигран ноќта меѓу петокот и сабота, кошаркарите на Сакраменто забележаа гостинска победа над Лос Анџелес лејкерс со 141-137 по дури три продолженија.
Гостите до победата ги предводеше Деарон Фокс со 34 поени, осум асистенции и шест скокови. На другата страна, Расел Весбрук имаше нов „трипл – дабл“ ефект од 29 поени, 11 асистенции и 10 скокови.
Резултати во НБА лигата:
Шарлот – Минесота 133-115
ЛА Клиперс – Детроит 107-96
Њујорк – Феникс 97-118
Орландо – Чикаго 88-123
Индијана – Торонто 114-97
Мемфис – Атланта 100-132
Оклахома – Вашингтон 99-101
Сан Антонио – Бостон 96-88
Денвер – Милвоки 109-120
Јута – Њу Орлеанс 97-98
Голден Стејт – Портланд 118-103
ЛА Лејкерс – Сакраменто 137-141 (по продолженија). (МИА)