Русија исто како и Македонија ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Нивниит селектор, Валери Карпин откри какви се неговите желби пред ждрепката за баражот.
-Важно е каков противник ќе добиеме, не можам да прогнозирам. Сите тврдат дека најдобро е да ни се падне Македонија. Веројатно тоа е најповолното сценарио од ждрепката. Не мислиме само ние така, сите сакаат да им се падне Македонија, вели Карпин.
Од можните противници, на Македонија покрај Русија може да и се падне Италија, Португалија, Шкотска, Велс и Шведска.