Баерн планира да го продолжи договорот со голманот Мануел Ноер. Актуелниот договор на 35-годишниот Германец истекува во летото 2023 година, но страните веќе разговараат за нов договор.
Голманот е задоволен од сите услови во минхенскиот клуб и би сакал да го продолжи договорот најмалку до 2025 година. Сосема е можно страните да се договорат за деталите пред крајот на оваа година.
Ноер настапува за Баерн Минхен од 2011 година.